GK Quark - шаблон joomla Оригами
Претставување на здружението

Претставување на здружението

Пеачката група на МКД БИЛЈАНА Марибор (C) Copyright by bopi

Здружението  делува  и  соработува  со сродните  здруженија  во  градот Марибор,  европската  престолнина  за култура 2012. Мултикултурната соработка  се  искажува  како  преплетување  на безбројни  еквивалентни  култури  каде што  танцот,  изложбата,  ликовното изразување или концертна музика се со потполно   еднакво   значење   за целосноста  на духовната понуда  на определен простор. Нашата цел е да се постигне   дијалог,   разбирање   и трпеливост  меѓу  мнозинството  и малцинството   со   истовременото зачувување   на   идентитетот   на македонската заедница, како и нашите особености, навики и обичаи, и да им се претстави  историјата  на  поширокиот словенечки простор и да го претстави соживотот  во  културниот  простор  на Марибор. Македонското   културно друштво  Билјана  беше  основано  на 31.1.1993 година. Во почетокот на 1993 година  МКД  се  вклучи  во  културниот живот  со  останатите  словенечки здруженија како и со здруженијата од поранешните  југословенски  републики во Марибор и во Словенија. Почетните културни  активности  беа,  главно,  на подрачјето  на  фолклорот.  Тогаш  е  и оформена  фолклорната  група  Билјана која започна со македонските танци од различни  подрачја,  особено  од Вардарска, од средниот и источниот дел на  Република  Македонија,  како  и  со словенечки  народни  танци.  Македонското културно друштво Билјана од Марибор  секоја  година,  од  1993 понатаму  организира  церемонии  по повод  државни  и  црковни  празници. 
Членовите  на  МКД  и  љубителите  на македонската музика за тоа се известени по пошта со покани и преку објавувања во  дневниот  весник  Вечер.  Во последните години тоа се објавува и на веб страницата на друштвото. Исто така, нашето друштво  го  претстави  словенечкиот и македонскиот фолклор на меѓународните  културни  Илинденски денови   во   Битола,   Република Македонија. На овие настапи постигна врвни  резултати  и  доби  признанија  и пехари  од  организаторот  и  Министерството  за  култура  на  Република Македонија.
Нашата  фолклорна  група  настапи  во Сојузна  Република  Германија  и  го претстави словенечкиот и македонскиот фолклор на деновите на македонските културни  здруженија  од  западноевропските земји. Во 2008, 2009 и 2010
година добивме покана за соработка на меѓународниот фестивал Лент каде што одржавме три целовечерни концерти. На концертите  учествуваа  и  фолклорните групи на другите македонски здруженија во Словенија.

Во  нашата  фолклорна  група  се пријавуваат нови членови, односно деца на Македонци и децата од бракови на различни   националности   коишто успешно настапуваат на сите приредби по  повод  државните  празници  во
Словенија.

Македонското културно друштво Билјана успешно соработува со Сојузот на МКД од Љубљана, Министерството за култура на Република Словенија, Одделение за култура  при  Градската  општина Марибор, СКД Марибор, УЕ Марибор и останатите  културни  здруженија  во Марибор и пошироката околина. Нашата културна група настапуваше и за време на културниот празник Прешерновите денови во Марибор.
Во 2004  година  е  формирана  вокална група која продолжува со своите настапи.

Со нашето друштво досега раководеле личности  кои  беа  диспонибилни  во однос на припадноста кон здружението со целосна посветеност:
Бобан  Пијанманов  е  осма година  на оваа функција;
Александар Кузмановски, 4 години;
Миха Петрески 2 години;
Венко Димов, 8 години;
и останатите чиј мандат е помал од 2 години:

  • Ален Димитрушев,
  • Трајко Барбутовски.

Заслужни  членови  на  МКД  Билјана Марибор:

  • Милан Петровски,
  • Круме Анчевски,
  • Перо Соколов,
  • Кирил Николов,
  • Миха Петрески

Подготвено од: Бобан Пијанманов

PREDSTAVITEV V SLOVENŠČINI - KLIK TUKAJ

Facebook Twitter Google+

Oddajte komentar

×